Грција денеска воведува нови ограничувања за спречување на коронавирусот во угостителскиот сектор.
Со новите мерки, баровите, ноќните клубови и рестораните ќе можат да работат до полноќ, но без музика, освен за новогодишната ноќ, кога ќе можат да работат до два часот по полноќ.
Според Ројтерс, одлуката е донесена еден ден откако грчките власти објавија нов дневен рекорд од 21.657 случаи.
– Овие мерки доколку стриктно се применат ќе ни овозможат од средината на јануари да се вратиме во нормален живот – рече на прес-конференцијата министерот за здравство Танос Плеврис.
Од минатата недела во земјава се забранети сите прослави на божиќните и новогодишните празници на јавни места, а воведено е и задолжително носење маски на отворено.