Stellar Pizza е ресторан кој е целосно роботизиран и може да произведе по една пица на секои 45 секунди.
Основана е во мај 2019 година од тројца поранешни вработени во вселенската компанија на Елон Маск – SpaceX.
Stellar Pizza моментално работи само во Џорџтаун, Сиетл, но планира да се прошири и во Лос Анџелес следната пролет. Поради пандемијата Ковид-19, ресторанот не е отворен за посетители, но клиентите можат да нарачаат достава до дома или да си ја подигнат пицата на лице место.
Тројцата основачи на компанијата, Бенсон Цаи, Брајан Лангон и Џејмс Вахаваисон, регрутираа вкупно 23 поранешни вработени во SpaceX за да им помогнат да изградат целосно автоматизирана машина за пица, која може да ја собере во камион.
Роботот може да заврши пица – од тесто до печење за помалку од 5 минути. Откако ќе го започне процесот, тој може да произведува по една пица на секои 45 секунди.
„Не е важно дали ви требаат 35 пици за вашата забава, само нарачајте“, се вели на веб-страницата на компанијата.
Клиентите на Stellar Pizza можат да нарачаат производи со пеперони, канадска сланина, пилешко, италијански колбас, како и вегетаријанска и веганска пица, а зошто да не и само со сирења.
Ако сакате сами да си направите пица, тоа ќе ве чини помеѓу 12 и 20 долари, а секој додаток во основната основа чини помеѓу 2,95 и 4,95 долари за зеленчук и локални производи, соодветно.