„На луксузен роденден славеникот побара од Дедо Мраз скапоцен автомобил и пет милиони евра, кога сум во костумот едвај дишам, а родителите ги туркаат расплаканите деца да се сликаат со мене за да добијат добра фотка за Инста“ – вели српски актер.
Српскиот актер аматер Виктор Величковиќ раскажа како е да бидеш Дедо Мраз секоја година. Тој проговори и за тоа како се чувствува во костумот, но и какви се желбите на децата и на родителите.
Како што вели долги години наназад избегнувал да ја игра улогата на дедото од Лапонија, но ете, во последните две години и тоа го стигнало, па деновите ги поминува во костум со бела брада и им дели пакетчиња на најмалите.
Како што вели можеби улогата не сакал да ја прифати затоа што ниту како дете не верувал дека Дедо Мраз постои и знаел дека некој „добронамерен човек со челични нерви облекува црвен костим и на лицето става бела брада за да се фотографира со децата додека тие држат пакетче“.
Од искуство, Виктор вели дека се случува половина од дечињата да плачат и да го загубат гласот од врескање затоа што дедото во црвено одело им внесува голем страв.
„Во 2019-та година почна мојата авантура на Дедо Мраз со Glumionica, но не со иравси, туку со автомобилот Dacia, а бидејќи во тој период бев мошне слаб мораа да ме „наоблечат“ за да изгледам поуверливо.
Имав многу облека на себеси. Џемпер, перница врзана со ремен, зимска јакна и на крај црвен капут со бело крзно. На лицето вештачка брада, вештачка коса, а врз косата капа. Дишев преку порите околу очите затоа што само тоа не ми беше покриено со коса и брада“ – вели тој.
Како што вели, работел на голем број претстави и доделување пакетчиња, а секој пат го молел Бог претставата да не се оддолжи да дојдат што е можно помалку деца, а во неколку случаи бил на раб на „вонредна состојба“.
„Немам воздух, а во секој локал ќе пуштат греење на луѓето да им биде пријатно, а на никој не му е грижа дека Дедо Мраз ќе се стопи како свеќа затоа што кислородот во мозокот ми е на резерва.
Но, тоа не е најголемата мака. Треба да го ислушате и концертот на децата што занемуваат од плачење, а упорните родители ги туркаат во скутот на човекот од кого се плашат. Сè за добра фотка на Инста, а јас сум на чекор до нервен слом“ – вели тој.
Како што вели во својата двегодишна кариера имал можност да работи и хуманитарни претстави во домови за деца без родители каде дечињата се радувале на скромните слатки и грицки.
„Сепак, ме дочека студен туш кога на луксузен роденден славеникот дојде од Дедо Мраз да бара скапоцен автомобил и пет милиони евра.
Иако притисокот веднаш ми ’скокна 200 со 100‘ за една милисекунда, морав да се воздржам и да бидам фин со голема насмевка на лице“ – вели тој.
Овој српски актер ни даде можност барем на кратко да добиеме увид со какви предизвици се соочуваат актерите што имаат можност да ја играат оваа улога секоја година, а неговите искуства дадоа увид и во однесувањето на децата, но и на родителите.
Што мислите вие, лесно ли е да се биде Дедо Мраз?