Водечкиот авиопревозник во Обединетите Арапски Емирати ги надмина „KLM“, „JetBlue“ и „easyJet“ со индекс на ризик од 95,05 отсто и повторно го освои првото место во рангирањето на 25 компании во истражувањето спроведено од „JACDEC“ за аеронаутичкиот магазин „Aero International“.
За прв пат, „JACDEC“ објави и регионални рангирања, споредувајќи ги водечките превозници во четирите региони.
На регионално ниво, „Emirates“ заостана зад „Etihad Airways“, кој исто така е со седиште во Обединетите Арапски Емирати, но не е доволно голем за да се пласира на глобалната листа.
Некои познати превозници, како што се „Austrian“, „Eurowings“ и „Condor“,, не влегоа ниту во европските Топ 25, бидејќи немаат превезено доволно патници или „акумулирано“ доволно километража во 2021-ва година.
Регионалните рангирања беа создадени првенствено поради променетиот редослед на големина што се префрли во корист на голем број авиокомпании со силни домашни пазари, како што се Кина и САД, објасни основачот на „JACDEC“, Јан-Арвед Рихтер.
На резултатите од овогодинешното истражување во голема мера влијаеја авионските несреќи од претходниот период, со оглед на падот на пандемскиот сообраќај и само скромниот пораст на бројот на патници во 2021-ва година.
Пред појавата на нова варијанта на коронавирусот и повторното воведување ограничувања, секторот на воздушниот транспорт натрупа загуби од вкупно 200 милијарди долари во пандемијата, изјави извршниот директор на „IATA Airlines“, Вили Волш.
„Превозниците собраа загуби од 52 милијарди долари минатата година. Загубите оваа година би требало значително да се намалат на 12 милијарди долари, а во 2023-ра година компаниите повторно ќе работат во минус„, додаде лидерот на „IATA“.
Извор: denar.mk