Децимала ДООЕЛ е друштво за вршење на услуги од доменот на сметководство, даноци и консалтинг, кое постојано се грижи да им обезбеди на вработените квалитетно работно опкружување, со современи ресурси, константна поддршка и пристап до информации потребни како за нивниот личен, така и за професионалниот раст, знаење и просперитет.
Веруваме дека покажувањето почит, разбирање и доверба е од особена важност за успехот на нашата организација, а истовремено и за квалитетот на услугата за нашите клиенти. Нашите вработени се со долгогодишно искуство во областа на сметководствените услуги, а дополнително на тоа нашата компанија постојано се грижи за надградување и негување на нивното знаење и експертиза, се со цел да обезбедиме доверлива и квалитетна услуга и за најсофистицираните клиенти.
Поради проширување на својот тим, Децимала има потреба од:
Помошник сметководител
нето плата од 20,000 до 30,000 денари
линк за повеќе детали и аплицирање
Овластен сметководител и Сметководител
нето плата за Овластен сметководител од 40,000 до 60,000 денари
нето плата за Сметководител од 30,000 до 40,000 денари
линк за повеќе детали и аплицирање