Божиќ е празник полн со симболика. Без разлика дали во вашиот дом Божиќ е традиција или сега ја учите симболиката што треба да биде почитувана, немојте да заборавите дека суштината на Божиќ е во љубовта, простувањето и милосрдието, а не во формата, која секако е одраз на суштината, но која ништо не значи доколку не го шири духот на љубовта и милосрдието.
Ако првиот гостин на Божиќ, наречен “предвесник” ги испочитува обичаите, се верува дека семејството преку целата година ќе биде здраво, среќно и радосно. Гласникот е првиот човек кој ќе влезе во вашиот дом на Божиќ. Во дамнешни времиња секогаш се гледало тоа да биде маж и некој кој му посакува добро на вашиот дом.
Меѓутоа, со текот на времето обичаите се промениле, па денес предвесник може да биде и жена. Денес тоа е специјален гостин кој е однапред договорен, но може да биде и случаен минувач. Ако минатогодишниот предвесник му донел среќа на семејството, тогаш истиот го повикуваат и следната година, да биде првиот гостин во таа куќа.
Но, доколку бил баксуз, тогаш му порачуваат да не доаѓа следната година. Најважно од сè е гласникот да има чиста душа и добри намери. Обичаите во христијанската традиција води потекло уште од Мудреците од Истокот, кои водени од ѕвездата стигнале на местото каде што се родил Христос.
Му се поклониле на новороденото детенце и му донеле дарови. Како спомен на нив бил воведен обичај, првиот човек кој ќе влезе во некој дом за Божиќ, а не е член на семејството, да му посака на тој дом добро здравје, среќа и успех. Од друга страна, во науката постои верување дека култот на гласникот влече корења уште од дамнешни времиња.
Односно, од времињата кога се верувало дека предвесникот е некој предок кој се вратил во вид на патник – божји гостин, па тоа ги објаснува и големата чест со која се пречекува. Тогаш се верувало дека претците може да се појават и во вид на некое домашно животно,
Обичај е гласникот да не пие и не јаде ништо пред да влезе во домот каде што е положајник. Треба да влезе со десната нога во куќата, за да има напредок, а домашните да ги поздрави со зборовите: “Христос се роди, среќен Божик”, а домашните на ова треба да му одговорат: “Ваистина се роди”.
Предвесникот потоа приоѓа до огнот, и со машата удира по жарот и вели: “Колку искри толку среќа во оваа куќа; Колку искри толку пари во домот; Колку искри толку гуски и пилиња, толку прасиња и јагниња, толку овци…А најмногу здравје и радости".
Кога ќе заврши со посакувањето на желби, фрла метално париче во огнот за да има бериќет. Потоа домаќинката го нагрнува со кожув или волнена наметка, за “да се фаќа дебел кајмак на млекото како што е дебела и таа наметка”.
Во моментот кога седнува гласникот, домаќинот се обидува да му го извлече столчето за тој да падне и да се прикова на земјата, бидејќи на тој начин и среќата ќе се прикова за таа куќа. Потоа му се соблекува чевелот од десната нога и истиот се закачува за греда. Пред него потоа се изнесува пиење и јадење.
Божик е највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена. Божикното утро почнува така што во рана зора се слушаат ѕвона од сите православни цркви и храмови.