Светските цени на храната скокнаа за 28 отсто во 2021 година и се на највисоко ниво во последната деценија, а надежите за враќање на постабилните пазарни услови оваа година се мали, објави во Агенцијата за храна на ОН.
Месечниот индекс благо се намали во декември, но се искачи претходните четири месеци по ред, како одраз на неуспесите во жетвата и силната побарувачка во изминатата година.
Повисоките цени на храната придонесоа за поширок пораст на инфлацијата бидејќи економиите закрепнуваат од кризата со коронавирус, а ФАО предупреди дека повисоките трошоци ги ставаат на ризик посиромашните популации во земјите зависни од увоз.
Во своето последно ажурирање, агенцијата за храна беше претпазлива околу тоа дали притисокот на цените може да се намали оваа година.
„Иако се очекува нормално високите цени да отстапат место на зголеменото производство, високата цена на инпутите, тековната глобална пандемија и сѐ понеизвесните климатски услови оставаат малку простор за оптимизам за враќање на постабилни пазарни услови дури и во 2022 година“, вели вишопт економист на ФАО.
Зголемувањето на цената на ѓубривата, поврзано со спиралните цени на енергијата, ги зголеми трошоците за таканаречените инпути што ги користат земјоделците за производство на земјоделски култури, предизвикувајќи сомнеж за изгледите за принос за жетвата следната година.
Во декември, цените за сите категории во индексот на цените на храната млечни производи паднаа, при што растителните масла и шеќерот значително паднаа, објави агенцијата во своето месечно ажурирање.
Извор: radiomof.mk