Роберто Фирмино, напаѓачот на Ливерпул и Бразил како и многу други играчи кои потекнуваат од јужноамериканскиот свет пораснал во сиромашно семејство.
Не било која, туку една од најсиромашните, но и најопасните средини во бразилскиот град Масеио.
Тој успева да ја оствари својата намера еден ден да биде професионален фудбалер и покрај негодувањето на неговата мајка која цврсто се спротивставувала на играњето фудбал.
На само 16 години потпишува за бразилскиот клуб Фигуиренсе, но тоа не резултирало со некој посебен успех и започнал да размислува за откажување.
Во еден момент, кога не можел повеќе да издржи и сакал да си дојде дома, бил спречен единствено од тоа што тој и неговото семејство немале пари да му го овозможат тоа. Фирмино од својата скромна заработка ја покривал киријата и храната, па морал да остане во клубот за да заштеди и да може да му се врати во семејството.
Неговата упорност на крајот се исплати!
Во 2011 година го привлекува вниманието на скаут од германскиот клуб Хофенхајм и прави трансфер во германската Бундес лига. Поминува четири успешни сезони во германскиот прволигаш за во 2015 година неговиот талент и потенцијал да го препознае Ливерпул.