Популарната услуга на „Google“ направи голем напредок во бројот на инсталации.
Во моментов, бесплатната услуга за размена на е-пошта на „Google“ е еден вид интернет институција, а апликацијата „Gmail“ на „Android“ има забележано повеќе од 10 милијарди инсталации на „Play Store“.
Секако, неопходно е да се нагласи дека „Gmail“ доаѓа однапред инсталиран на голем број „Andrоid“ уреди, но тоа не го намалува постигнатиот резултат.
„Gmail“ е само една од неколкуте апликации на „Google“ кои веќе надминале 10 милијарди инсталации. Во ова друштво се вклучени и „Play Services“, „YouTube“, „Maps“ и „Search“.
Останува да видиме која следна апликација за „Android“ ќе достигне 10 милијарди инсталирани копии, а еден од најголемите кандидати е „Chrome“.
Кога станува збор за апликации кои не се од екосистемот на „Google“, „Facebook“ би можел прв да го постигне споменатиот број на инсталации.