Секој има потреба од одмор од социјалните мрежи. Во зависност од тоа колку време поминувате на социјалните мрежи, можеби ви треба пауза токму во моментот, а ова се знаците кои ќе ви укажат на тоа.
1. Вашето ментално здравје е нарушено
Иако можеби навидум ви се чини дека социјалните мрежи се сосема безопасни по вашето ментално здравје, сепак ќе увидите колку штетно му влијаат особено доколку направите пауза. Социјалните мрежи неминовно нè тераат да го споредуваме нашиот живот со туѓите животи, а тоа не секогаш се одразува позитивно врз менталното здравје. Додека ги користиме социјалните мрежи забораваме дека животот е една целина од подеми и падови и дека не е сè така розово во животот на другите, а црно во нашиот.
2. Дефокусирање
Дали има нешто пофрустрирачко од тоа да се обидувате да разговарате со некој што е на социјалните мрежи и кој воопшто не ви обраќа внимание? Ако вие сте оној кој е постојано на мобилниот, тогаш паузата од социјалните мрежи е вистинското решение за вас. На тој начин ќе бидете поприсутни во вашиот живот како и во животите на вашите најблиски.
3. Недостиг на приватност
Живееме во свет на постојано споделување, така што нема да сте единствени доколку почувствувате дека го живеете својот живот на социјалните мрежи. Ако некое време престанете да споделувате на социјалните мрежи, ќе почувствувате дека вашиот живот повторно ќе стане ваш! Ќе се почувствувате убаво доколку се обидете да ги живеете работите во моментот, а не за слика на Инстаграм.
4. Премногу се фокусирате на туѓите животи
Наместо да се грижите за тоа што прават другите луѓе, ќе се фокусирате на сопствениот живот. На тој начин ќе се посветите повеќе на сопствените цели.
5. Не сте продуктивни
Доколку правите подолги паузи од социјалните мрежи, ќе имате повеќе слободно време, а тоа значи и дека ќе бидете попродуктивни. Покрај тоа, вашиот ум нема да биде заматен од мислите на љубомора и грижа дека не давате сè од себе во она што го работите. Наместо тоа, ќе почнете да работите и ќе бидете мотивирани за новите предизвици.
извор: kafepauza.mk