Само на крајот на 2021 година, на Германија и недостасуваа дури 96.000 експерти од ИТ индустријата. Некогаш Фејсбук, а сега Мета, кога зборуваме за компанијата, но не и за социјалната мрежа која го задржа своето име - има големи планови за 2022 година, барем судејќи според она за што се зборува и пишува деновиве.
Mинатата година, империјата на Марк Цукерберг работеше на тоа да се фокусира на метаверзумот во иднина, каде што луѓето веќе почнаа да плаќаат милиони долари за виртуелна земја.
Исто така, Фејсбук, или Мета, беше пионер во далечинското работење кога започна пандемијата, одржувајќи го ставот дека таквиот режим може да биде ефективен, односно трајно решение.
Во тоа име Мета се потпира на далечинското работење низ Европа, со цел да привлече талентирани кадри од групата земји на Европската унија, како и од Велика Британија, која е една од најголемите гранки на американските технолошки гиганти.
Компанијата на Цукерберг има за цел да ја шири идејата за метаверзумот во наредните години, поточно да ја изгради, а во тоа ќе учествуваат најголем број нови вработени од осум европски земји. Мета се надева дека ќе го прошири својот тим на таленти надвор од „традиционалните“ седишта.
Така Британија и Ирска повеќе нема да бидат толку доминантни. Сепак, сигурно е дека овој потег на Мета ќе го зголеми притисокот врз локалните компании да креираат свои примери за хибридна работа и работа на далечина - пред се за персонал од ИТ доменот.
Од друга страна, се чини дека американските компании се поподготвени да прифатат далечински работи отколку европските или азиските. Мета најави дека за проектот Метаверс ќе вработи 10.000 луѓе, а треба да се напомене дека само на Германија на крајот на 2021 година и недостигале дури 96.000 експерти од споменатата гранка.
Станува збор за софтверски инженери, менаџери за производство, администратори за информатичка технологија.
Дали флексибилната работа ќе биде како вода која „секогаш го наоѓа својот пат“?
Во огласите за работа се почесто се споменува далечина или барем хибриден начин на работа - што значи дека дел од работната недела поминувате дома, а дел во канцеларија. Според Гринхаус, факт е дека денес само 5% од огласите содржат понуда поврзана со работа на далечина, но пред пандемијата процентот беше многу помал - беше 1,5 отсто.
Мета има план во наредниот период да се фокусира на работници од Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Полска, заедно со веќе присутните Велика Британија и Ирска.