Судот на правдата на Европската Унија зазеде став за тоа кога патувањето до работа треба да им се пресметува на работниците во работното време.
Тоа се случаи кога работниците мора да користат службено возило во текот на работниот ден за да патуваат од местото на живеење до клиент одреден од нивниот работодавач или да се вратат до местото на живеење од местото каде што се наоѓа тој клиент и да заминат од една клиентска локација до друга.
Таквиот исход би бил спротивен на целта за заштита на безбедноста и здравјето на работниците, кој ја вклучува потребата да им се гарантира на работниците минимален период за одмор. Всушност, би било спротивно да се намали времето за одмор на работниците без нормално или постојано работно место поради исклучување на времето на нивното патување помеѓу местото на живеење и клиентите од концептот на „работно време“.
Ваквите патувања работниците започнуваат да ги извршуваат од нивното место на живеење, со оглед на тоа што оваа околност произлегува од одлуката на нивниот работодавач да ги укине подрачните канцеларии и филијали, а не од одлуката на тие работници.
Со оглед на тоа што работниците ја изгубиле можноста слободно да го одредуваат растојанието што го дели нивното место на живеење од вообичаеното место на почеток и крај на нивниот работен ден, не може да се смета дека тие се согласиле на изборот на својот работодавач за затворање на претставништвото на работното место.