Пекарата Печјак од Словенија стана популарна на Балканот не само поради квалитетот на своите производи туку и поради одлични услови кои им ги нуди на своите вработени.
Нејзиниот бизнис модел е до толку успешен што таа не работи само за домашниот пазар туку и извезува надвор од границите на Словенија. Минатата година на странските пазари продале производи во вредност од дури 4 милиони евра, а оствариле вкупни приходи од продажба во износ од 33 милиони евра.
Се извезува дури и во земји како што се Германија, Шведска и Австрија.
Но, она што е карактеристично за пекарата Печјак е тоа што платите кои ги добиваат вработените таму се многу повисоки од просекот во индустријата и над просечната плата во Словенија – минатата година достигнале до 1.757 евра! Покрај тоа, сопствениците редовно ја делат својата добивка со вработените.
Во нашата индустрија не можеме да дадеме премногу високи плати, но се придржуваме до принципот дека задоволни и квалитетни вработени можат да произведат подобри производи кои би достигнале уште повисока цена, - вели сопственикот на пекарата.