Минатиот месец премиерно беше прикажан документарен филм за еден од најпознатите рок бендови на сите времиња, Битлси, во режија на Питер Џексон. Овој документарец насловен како „Get Back“, се фокусира на претпоследниот студиски албум на бендот, „Let It Be“. Покрај тоа, нивниот последен концерт беше прикажан додека функционираа како бенд.
Јасно е кој беа Битлси и колку сé уште се популарни нивните песни. Но сега сигурно се прашувате која е порзаноста на музиката и бизнисот. Следете не меѓу редови и читајте внимателно!
„Што го тера тимот да работи / пее"?
Овај филм треба да го гледаат и менаџерите, поради пораките што ги носи. Како што се истакнува, менаџерите генерално функционираат поставувајќи го прашањето: „Што е тоа што прави тим да работи“, или во случајот со Битлси, „да пее“.
Документарецот за легендарните музичари е редок филм кој дава увид во функционирањето на „светскиот тим“.
Како за прв пример, се споменува улогата на тапанарот на бендот Ринго. Тој го поминува времето изгледајќи многу збунето или поспано кога не игра. Тој е музичар, па без него нема музика, а со тоа и бенд. Тој е член на тимот, помага да се надминат конфликтите и да се „изградат мостови“ меѓу луѓето.
Како што се додава, тоа значи дека психолошките карактеристики на тимот и на секој поединец од тимот се многу важни.
Инспирацијата е насекаде
Друг принцип од филмот кој се нагласува и кој менаџерите треба да го забележат е инспирацијата која членовите на бендот ја бараат насекаде.
Документарниот филм „Get Back“ прикажува тим од суперѕвезди кои го прифаќаат овој начин на функционирање: тие зграпчуваат идеи од различни локации, свират песни од други бендови и со задоволство примаат совети и помош од надворешни лица.
Третата порака на филмот се однесува на начинот и времето на изведување на некое дејство.
Во еден момент од филмот, бендот има задача да напише нови песни за албумот за само неколку дена и да ги изведе додека се појавува на телевизија. Тие треба да сфатат како да го направат тоа. Филмот посочува дека основачот на бендот, Пол Макартни копнее по „татковата фигура“ која отсекогаш му помагала нему и на неговото семејство да ги планираат своите распореди.
Од оваа порака може да се заклучи дека комбинацијата на независност и рок дава идеални резултати.
Битлси го сакаа тоа што го правеа
Сепак, не сите пораки во филмот произлегоа од позитивни примери. Еден од членовите на бендот, Џорџ Харисон, во филмот бил запоставен од Џон Ленон и Пол, па го напуштил бендот.
Пораката што може да се извлече од ова е дека техничката способност и знаење не се единствените фактори кои го одредуваат успехот.
Главната порака е дека Битлси го сакаат она што го работат во живот. Тие зборуваат за музика и размислуваат за неа дури и кога не ја свират.
Заклучокот е повеќе од јасен, тимовите кои имаат најголем успех сакаат да го прават тоа што го работат и се задоволни од заедничкото функционирање.