На патиштата ретко ќе видите егзотични суперспортски автомобили, па ретки се и сообраќајките со нив. Но, се случуваат, а доказ за тоа е и овој судир на редок Ferrari Enzo во Холандија.
Автомобилот, управуван од механичар, удри во дрво откако возачот очигледно изгубил контрола на лизгавиот пат. Возилото наводно е на фирмата Kroymans Automotive, овластен застапник на Ferrari во подрачјето каде се случи несреќата.
Овој редок примерок на Ferrari Enzo е опремен со V12 мотор со 650 КС и вреди околу 2,5 милиони евра.
Автомобилот удрил во дрво од страната на совозачот, оттргнувајќи ги двете тркала од десната страна. Видливи се и оштетувањата на каросеријата, а поради тежината на судирот, се активирале и воздушните перничиња.