Промени во раководството се случија во една од помоќните компании во земјава од железарскиот бизнис „Макстил“
Со компанијата во следниит четиригодишен период ќе раководи дама - Мариј Дуковска Павловска.
„Акционерското собрание на „Макстил“ А.Д. - Скопје поради истекот на мандатот на Одборот на директори, го изгласа новиот состав на одборот на компанијата за наредниот мандат од четири години. Нов член на одборот е Марија Дуковска Павловска која на првата седница е избрана за нов генерален директор на Макстил, на местото на досегашниот генерален директор Иван Бановски. Дуковска Павловска, која ќе стапи на должноста од први февруари, поседува богато менаџерско искуство во областа на финансиите и индустријата, а на новата позиција доаѓа од позиција на управител на KEMET Електроникс Македонија, управител на КЕМЕТ Електроникс Бугарија, директор за ЧР на КЕМЕТ за Источна Европа и на едукација за Европа, како и член на проширениот лидерски тим на КЕМЕТ Електроникс“, се вели во соопштението од компанијата.
Одборот на директори ја изразил својата благодарност на Бановски за неговиот драгоцен придонес во текот на изминатите осум години како член на Управниот одбор на Макстил, но уште повеќе како генерален директор на компанијата, со што овозможил Макстил да постигне важен напредок и да се развива во модерна, динамична компанија каква што е денес.
Во моментов, Макстил има потреба од ИТ специјалист во рамки на Секторот за информатички технологии.
Целиот текст е на faktor.mk