
Две лиценцирани медицински сестри од Лонг Ајленд се обвинети за фалсификување на потврди за вакцинација.
Обвинети се и за остварување противправна имотна корист од 1,5 милиони долари, соопштија денеска обвинителството и претставниците на полицијата.
Џули Де Вуоно, сопственичка на педијатриската клиника во Амитвил, Њујорк, и нејзината соработничка Мариса Ураро, се обвинети за кривично дело фалсификување, а Де Вуоно е обвинета и за измама.
Окружниот обвинител во Сафолк, Рејмонд Тиерни рече дека Де Вуоно и Ураро продавале лажни картички за вакцинација, кои ги наплаќале 220 долари за возрасни и 85 долари за деца, објави АП.
„ Де Вуоно и Ураро, лиценцирани медицински сестри, внесоа лажни информации во државната база на податоци за имунизација“, рече обвинителот Тирни.
При полицискиот претрес на станот на Де Вуоно, пронајдени и запленети се околу 900.000 долари во готовина и евиденција од која може да се види дека оваа измамничка шема, која започнала во ноември 2021 година, остварила профит од над 1,5 милиони долари.
извор: denar.mk