Овен (21.03 – 20.04)
Вие разбирате дека околностите на полето на работа се менуваат брзо, затоа мудро чекајте подобра можност, но и својата шанса. На сентиментален план е „мртво море“. Можни се проблеми со желудникот. Благата мачнина е само последица на се што морате да промените во секојдневниот живот, особено кога станува збор за исхраната.
Бик (21.04 – 21.05)
Планирате нешто што на повеќето околу вас не им се допаѓа, можно е некој бурно да реагира на тоа. Ве очекува период во кој се почесто ќе имате кавги со вашата најблиска околина. Побарајте помош за решавање на кризата, нека биде тоа од некоја Вага.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Не располагате со малку енргија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Викендот е поволен за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра.
Рак (22.06 – 22.07)
Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и физичките способности. Колку ќе успеете да ги искористите – дискутабилно е. Многу да внимавате во проценките на ситуациите и луѓето бидејќи се можни измами од страна.
Лав (23.07 – 22.08)
Време е да бидете помалку тврдоглави во односот со вашиот партнер, попуштете и задоволете ги неговите потреби. Со широката насмевка на лицето за време на викендот, ќе ви се отворат многу врати. Ќе запознаете интересни пријатели кои можат да ви помогнат и на деловен план.
Девица (23.08 – 22.09)
Одвојте малку време за вашето семејство, помогнете им на блиските да поминат преку препреките кои им се поставени, викендов ќе ви биде таков. Ќе работите повеќе за другите отколку за себе. На крајот ќе бидете среќни, исполнети и задоволни.
Вага (23.09 – 22.10)
Овој викенд ќе ви донесе нова енергија и надеж за работа и штедење на финансиски средства. Пријателите ќе ве поканат на масата за искрени разговори, кажете им што мислите, тие знаат да ги ценат вашите одлуки. Внимавајте на здравјето, премногу консумирате нездрави намирници.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Во љубовниот живот посакувате некои нови и повесели случувања. Смислено го избирате вистинскиот момент да ги оставрите своите намери или на саканата личност да и соопштите важни планови. Сакате да воспоставите подобра котрола над новите случувања во љубовниот однос.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Подготвеноста да преземете ризик ќе ви се исплати, посебно доколку сакате да започнете сопствен бизнис или да го проширите постоечкиот. Преземете се што треба за да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Некоја Шкорпија ќе ви подаде рака за помош.
Јарец (22.12 – 20.01)
Овој викенд е одличен за опуштање и релаксација на умот. Ќе треба да внимавате на финансиите и односот со соработниците и колегите. Тие очекуваат голема поддршка од вас, затоа немојте да го повишувате тонот доколку некој погрешил.
Водолија (21.01 – 19.02)
Можеби вашата претерана независност вам ви се допаѓа, но на вашиот партнер тоа му оди на нерви. Поразговарајте со него во врска со тоа и заедно најдете некакво решение. Викендот поминете го со своето семејство и со најблиските.
Риби (20.02 – 20.03)
Немојте да се изненадите доколку им се допаднете на некои непознати. Доколку сте во врска, ќе доживеете нови искуства во неа, а доколку сте слободни, најверојатно ќе запознаете интересна личност. Работните обврски сте ги запоставиле, внимавајте можно е да бидете казнети.