Жителка на Окланд за малку ќе ја пропуштела лото „џекпот“ добивката од три милиони долари, бидејќи мејлот што требало да ја извести за подигање на наградата завршил во „спам“ фолдерот.
Лаура Смит, 55, изјавила дека го открила мејлот откако случајно го отворила „спам“ фолдерот барајќи мејл поврзан со работа.
„Не можев да им поверувам на очите, па се најавив на мојот профил на лотаријата за да го потврдам известувањето од мејлот“, истакнала таа.
Спирс, која работи како медицинска сестра го купила лото ливчето од „Лотарија Мичиген“, а извлекувањето на добитнитничката се случило на 31 декември, 2021 година.
Таа заборавила да ја провери комбинацијата за Нова година, па на мејлот налетала случајно во својот „спам“ фолдер.
Откако за малку ќе го пропуштела својот „џекпот“, Спирс посочила дека ја додала „Лотарија Мичиген“ на нејзината „безбедна мејл листа“, за секој случај.
извор: radiomof.mk