Индонезија размислува за промена на главниот град затоа што Џакарта има нерешливи проблеми, поради што се бара ново решение. Имено, Џакарта е многи загаден и пренаселен град, подложен на земјотреси и брзо тоне, па затоа Индонезија сака да направи нов, поодржлив, почист и поотпорен главен град.
„Изградбата на новиот главен град не е само физички потег на владата, туку целта е да се изгради паметен град, кој е конкурентен на глобално ниво и кој ќе стане локомотива за трансформација на Индонезија базирана на иновации, технологија и зелена економија“ изјави претседателот на Индонезија, Јоко Видодо.
Концептот подразбира нов град, а претставен беше уште во 2019 година. Амбициозниот развој поздразбира изградба на градот Нусанара, кој ќе се наоѓа на 2.000 км североисточно од Џакарта. Меѓутао, не се сложуваат сите со планот на Видодо и има групи за заштита на околината кои се загрижени дека новиот град ќе ги загрози животните кои живеат во тој регион. Исто така, тука е и фактот дека изградбата на новиот град би чинела 34 милијарди долари.
Во Џакарта живеат околи 10 милиони луѓе, а често се опишува како град кој најбрзо тоне од целиот свет. Видодо сака да ги збегне се поголемите проблеми со градот, но тие можеби само ќе се пренесат на нова локација. Исто така, се поставува прашањето што ќе се случи со жителите на Џакарта кои не можат да се преселат во новиот град и дали ќе бидат оставени во старата Џакарта без никаква помош.