Колку пати сте побарале келнер да ве фотографира во ресторан и кафуле? Ова прашање гостите го поставуваат многу често, речиси исто колку и кога бараат лозинка за Интернет.
Веруваме дека келнерите не се секогаш „среќни“ кога ќе се најдат во таква ситуација, иако ретко кој би одбил вакво барање од гостин. Имено, во Хилтон беше претставена нова програма наречена Waitographer.
Неговата работа е исклучиво да ве фотографира, а сакате, да речеме семејна фотографија од ручекот. Познатиот ланец на хотели најави лансирање на нова програма, со цел да ги обучи членовите на тимот за правење професионални фотографии и снимање посебни спомени.
Waitographer е позиција на која би работеле сите членови на тимот на Хилтон, а веќе ја поминале работилницата односно обуката на познатиот фотограф Роџер Мукарзел.
Мотото на овај ланец на хотели гласи вака: “Дојдете во Хилтон и снимете ги вашите спомени”