Германија е на самиот врв во Европа по личното богатство акумулирано во вредност од повеќе од 16 милијарди евра, покажува истражувањето на швајцарскиот институт, нагласувајќи го натамошното продлабочување на јазот меѓу богатите и сиромашните.
И покрај падот на економската активност, личното богатство порасна во 2020 година, првата година од пандемијата, според истражувањето на 16 земји од ЕУ и Швајцарија,пренесува Seebiz.
Германија предничи во Европа со лично богатство од 16,4 трилиони евра, а потоа следат Франција со 12.600 милијарди евра и Велика Британија и Италија со по 10.000 милијарди евра, според студијата на Redesigning Financial Services (RSF), институт со седиште во Цирих.
Реалниот бруто домашен производ на 16 земји од Унијата и Швајцарија се намали за 6,4 отсто во пандемијата 2020 година, додека личното богатство се зголеми за 3,9 отсто, на рекордни 69 милијарди евра.
Ова покажува дека јазот во богатството меѓу богатите и сиромашните се зголемува, а таквиот тренд ќе продолжи, велат авторите на истражувањето.
Според нивниот извештај за богатството во Европа, Германија забележала и најголем број милионери, 2,9 милиони, а потоа следат Британија и Франција со по 2,5 милиони.
Швајцарија, пак, води по уделот на милионери, кој достигнува 14,1 отсто, што значи дека приближно секој седми граѓанин припаѓа на таа група.
Истражувањето покажа и сè поизразена концентрација на богатство. Така, најбогатите 10 проценти од европските домаќинства поседуваат околу половина од нето богатството на Европа. Најбогатиот еден процент од Европејците поседуваат 19 отсто од вкупното богатство.