Научници од Универзитетот Инер Мoнголија развија паметно седло кое на јавачите може да им ги подобри перформансите, но и да ја алармира итната служба кога ќе препознае дека јавачот паднал од коњ.
Прототипот на седлото има мрежа од 7 минијатурни уреди за собирање енергија од движењето на јавачот.
Тие уреди на седлото му кажуваат на кои делови во кој момент делува притисок, што овозможува анализа на позицијата на јавачот на коњот, па ќе знае дали на седлото седите исправени, подигнати или на пример, стоите на нозе.
Покрај тоа, системот на седлото може да препознае кога јавачот паднал од коњот и автоматски може да се поврзе со итната служба и да алармира и да ги испрати GPS координатите на падот. Со оглед на тоа дека системот се напојува со енергија од движењето на јавачот, нема потреба во ова седло да се вградуваат батерии.
Сензорите на погонот на наногенератори без батерии откриваат промени во позицијата на јавачот за 16 милисекунди. Научниците студијата ја објавија во списанието ACS Publications.
извор: inovativnost.mk