Сте слушнале ли за дигитална номадска виза? Да, и тоа постои. На посетителите им дава можност да живеат и работат во сончевата и преубава Шпанија.
Индустријата на дигиталните номади од почетокот на корона кризата стана тренд меѓу вработените низ цел свет.
Се отворија бројни шанси за работа во странство, хибридниот модел на работа како и работата од дома која станува сé попопуларна.
Дигитални номади се креативни луѓе кои на артистичен начин ја изразуваат љубовта кон работата.
Тука спаѓаат: Дизајнерите, модератори на содржини, маркетинг специјалисти итн. Со еден збор кажано – имаат привилегија да работат од било која точка на планетата земја.
Многу светски и европски земји најдоа начин како да ги „оживеат“ своите рурални места и да ги претворат во комфорни бизнис средини.
Шпанија е првата меѓу европските земји која ја воведе таканаречената “дигитална номадска виза”
Интересно е да се напмене дека визата има важност 12 месеци, и може да се продолжи само два пати. Оваа виза има за цел да ги охрабри младите претприемачи да излезат од својата комфорна зона и да го проучуваат непознатото а воедно и одлично да заработуваат.
Бенефициите кои ги добивате се бесценети: ем патувате, ем работите, откривате нови хоризонти и следствено на тоа се мотивирате и заработувате благодарение на вашата креативност и имагинација.
Дигиталната виза претставува дел од новиот Закон за стартапи во Шпанија, која има за цел да ги поттикне младите да ги промовираат руралните подрачја. Многу градови станаа пренаселени а селата имаат се помалку жители. Во проектот се вклучени 30 шпански градови.
Сите кои имаат желба да работат на ваков проект истата може да ја реализираат на тој начин што, постои директен лет од Белград до Барселона кој чини само неверојатни 50 евра.
Доколку сакате класичната канцеларија да ја замените со медитеран, сонце, море... Можеби ова и не е така лоша опција за да работите и заработите. Најважно е да имате желба и мотивација за работа, безразлика на која точка од планетета се наоѓате.