„Енигма“, најголемиот брусен дијамант на светот од 555 карати е продаден вчера во Лондон за 3,8 милиони евра, откако неодамна за првпат бил изложен.
Се верува дека е реткиот црн дијамант настанал кога метеор или астероид удрил во земјата пред повеќе од 2,6 милијарди години.
Дијамантот од 555,5 карати ја достигна цената на онлајн аукција која ја одржала познатата лондонска аукциска куќа „sotheby’s“.
Аукциската куќа не сакаше да го открие идентитетот на купувачот, но тој потоа самиот истапи пред медиумите. Се работи за Ричард Харт, претприемач со криптовалути. Црните дијаманти, познати и како карбонадо, се многу ретки и во природата се најдени само во Бразил и Централноафриканска Република.