Разбудете се одморени и наспани.
Секој од нас има потреба од квалитетен сон за да го одмори телото и да биде подготвен за секојдневните активности.
Најдобро би било да си легнете околу 22 часот. Зошто? Раното легнување има многу позитивни ефекти врз телото и умот. Многу познати ѕвезди ја практикуваат оваа навика, а меѓу нив се Опра Винфри и Ана Винтур.
Квалитетен одмор
Како прво, најдлабокиот и најмирниот дел од нашиот сон е помеѓу 22 и 2 часот по полноќ, што значи дека ако рано легнеме, ќе бидеме наспани и одморени.
Исто така, едно истражување покажало дека легнувањето порано помага да се запрат негативните мисли кои веќе ни се провлекуваат низ глава и поради кои не можеме да заспиеме.
Телото се враќа во форма
Кога сме во циклус на длабок сон, телото се лекува со производство на соматропин - хормон за раст.
Оваа клучна активност ни помага да бидеме во топ форма следниот ден, особено кога станува збор за физички активни луѓе.
Се намалува стресот
Недоволното спиење може да создаде многу високи нивоа на хормонот на стрес кортизол во телото. Последица е појава на анксиозност.
Кога добро ќе се одморите и ќе го намалите тоа ниво на кортизол, ќе имате повеќе енергија во текот на денот.
Подобра контрола над емоциите
Истражувањата покажаа дека луѓето кои спијат доволно се генерално посреќни во животот.
Кога ни недостасува квалитетен сон, нашите емоции можат да бидат понестабилни затоа што е потешко да се контролираат.
Исто така, легнувањето порано може да значи и порано будење, што може да биде важно ако сакаме да доловиме повеќе дневна светлина и серотонин - хормонот на среќата за подобрување на расположението.