Деветгодишниот Мухамед Авал Мустафа, попознат како Момфа Џуниор живее сосема поинаков живот кој воопшто не личи на детски. Тој е син на нигериската славна личност и мултимилионерот Исмаил Мустафа Момфа.
Пред 3 г. на неговиот шести роденден стана сопственик на вила во Дубаи, а сега веќе има завидна колекција на суперавтомобили и патува низ светот со својот приватен авион. Неговиот живот е исполнет со луксуз и веќе е влијателен инфлуенсер на Инстаграм, судејќи по бројот на лајкови на неговите објави.
Младиот богаташ на фотографиите е облечен во дизајнерска облека од глава до пети. На едната фотографија седи на своето бентли, на другата е во ламборџини, на третата е во ферари. Има и фотографии во својот приватен авион.
Семејството обожава дизајнерски брендови, па нивните социјални мрежи се преполни со нивни фотографии во облека од модните куќи Живанши, Фенди, Гучи, Барбери. Таткото објави и фотографии со купишта банкноти на својот профил и покажа како неговите деца спијат покриени со дизајнерски ќебиња или носат дизајнерски часовници и очила.
Неговиот татко богатството го стекнал преку менувачници во Лагос, а потоа инвестирал, пренесува „miss7.24sata.hr“.