На овие парчиња облека во никој случај местото не им е во канцеларија. Дури и во случаите кога вашето работно место нема строго пропишани правила за изборот на обувки и облека, како во банките, некои јавни установи или државни служби, сепак постојат некои непишани правила за облекувањето кои не би смееле да ги прекршувате.
Облеката која е згужвана, делува премногу провокативно или е валкана, во никој случај не смеете да ја облечете за на работа.
Ова е список на 12 видови облека на кои секако не им е место во канцеларија.
1. Кое било парче облека што е проѕирно, бидејќи може да открие делови од вашето тело или да ја покаже вашата долна облека, кои баш и не треба да бидат видени од колегите.
2. Хеланки или долен дел тренерки кои се наменети за пешачење или вежбање, не се за на работното место.
3. Сето она што е прекратко, премногу тесно или широко како вреќа. Сепак, на работа сте и треба да бидете соодветно облечени.
4. Блузи кои ги откриваат рамениците, особено маички со тенки прерамки.
5. Облека што го открива вашиот стомак, грб или деколте. Ваквите парчиња се носат во сосема други пригоди.
6. Облека накитена со делови од животни, како крзно, пердуви или „анимал“ принтови. Едноставно, невкусно е.
7. Гумени сандали или влечки. Сепак, не сте на плажа.
8. Кој било дел од облеката кој би го носеле за вежбање како спортски градник или хеланки.
9. Она што сте го купиле за вечерните излегувања нека остане за тие прилики, сигурно не е погодно за во канцеларија.
10. Имате облека со дамка која не сте успеале да ја извадите? Да, таа е за дома, не за на работа, иако можеби ви е една од омилените и најудобните.
11. Искинати фармерки? За дружење со пријателите, не за во канцеларија.
12. Маиците кои сте ги купиле во некоја сувенирница, особено оние со непристојни написи на нив остануваат за други понеформални прилики.