Владата на Србија на седницата го усвои и Заклучокот со кој се предвидува преземање на сите мерки со цел да вработат 1.000 дипломирани медицински лица во здравствените установи и со тоа да овозможи непречено, ефикасно, континуирана и достапна здравствена заштита.
Овие вработувања се однесуваат на дефицитарните гранки во медицината и се во согласност со кадровските планови на здравствените установи и на Републичкиот фонд за здравствено осигурување.
Врз основа на анализата на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“, утврдено е дека на здравствениот систем на Србија му недостигаат повеќе од 1.000 доктори на медицина.
извор: republika.mk