Островчето во близина на Крит привлекува големо внимание поради своето морничаво минато.
Живописното островче Спиналонга се наоѓа во заливот Елунда, во близина на Крит.
Поради својата стратешка положба, островчето со векови било на мета на освојувачите, од Арапи до Отоманското царство.
Островот е познат по својата тврдина која во 16-ти век била изградена по нацрти од најдобрите венецијански инженери.
Спиналонга бил една од клучните точки во заштита на трговските патишта и „потпора“ во текот на војните кои се воделе тогаш.
Меѓутоа, без оглед на богатата историја, овој остров е најпознат како поранешна колонија за болните од лепра.
Во периодот од 1903 до 1957 година островот бил последното засолниште за болните од лепра.
Последниот жител на островот, православен свештеник, колонијата ја напуштил во 1962 година. Тој тоа го направил дури кога го исполнил условот да ја испочитува традицијата, односно на покојните да им оддаде почит од 40 дена, односно шест месеци, една година, три години и пет години од нивната смрт.
Постоеле само два влезови на Спиналонга, а еден од нив бил тунел за болните од лепра кој го добил името „Капијата на Данте“.
А, тоа име го добил затоа што болните кои пристигнувале на островот не можеле ниту да претпостават што ги чека.
Кога колонијата на болните од лепра била затворена, островот паднал во заборав. Сепак во последните десеттина години ситуацијата се сменила.
Туристите кои одат да го посетат овој остров вообичаено остануваат неколку часа таму, па си одат затоа што на островот нема ниту ресторани, ниту хотели.