![Ќе заборавиме ли на зимата!? - Еве какво време не очекува до крајот на следната недела](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b9/e2c02f9b-resize-820x0x100.jpg)
Времето денес ќе биде променливо облачно, во југоисточните места ќе има појава на слаб дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има и во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде достигне интервал од 1 до 4, а максималната, од 5 до 12 степени.
Во Скопје претпладне облачно, попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.
Следува период на променливо облачно време, во среда со слаб локален дожд. Кон крајот на работната седмица дневната температура ќе биде во позначителен пораст.
извор: uhmr.gov.mk