Српскиот министер за финансии Синиша Мали изјави денеска дека младите кои до крајот на мај ќе наполнат 16 години, како и оние кои дотогаш ќе се стекнат со српско државјанство, во јуни ќе имаат право на дополнителна помош од 100 евра и дека граѓаните на возраст од 16 до 29 години може да очекуваат исплата на 1, 2 или 3 јуни, јави дописникот на МИА од Белград.
-Оние 1.059.411 млади кои веќе се пријавиле за помош која е исплатена во февруари, нема потреба повторно да аплицираат, а сите кои во меѓувреме наполниле 16 години или добиле државјанство, треба да се пријават меѓу 16 и 31 мај, изјави Мали во Собранието на Србија.
Тој кажа дека државата сака да покаже не само колку и се важни младите, туку и да ја покаже силата на своите финансии и добрата состојба во државната каса.
Мали додаде дека Србија издвои 8,7 милијарди евра или 18 отсто од БДП за помош на економијата и граѓаните за време на пандемијата и дека минатата недела на пензионерит им биле исплатени 20.000 динари (170 евра) како благодарност за поддршката во текот на реформите.