Денес секој човек кој бара работа мора да најде начин да се истакне и да импресионира потенцијален работодавец. Што е разликата од оние кои ја добиле работата до оние кои за жал мора да продолжат со потрагата?
Најчесто е една од следниве три работи.
1. Способноста да докажете дека сте достојни за тоа работно место
Една работа е да се наречете успешен лидер или извонреден комуникатор, а сосема друго е кога ќе прикажете докази кои ќе го поддржат ова тврдење. Работодавецот сака да знае што ќе понудите доколку ве вработи, и сигурно ќе бидат забележани оние кои ќе дадат примери за нивниот успех во минатото или сегашната работа. За да бидете еден од нив, треба добро да ја проучите вашата биографија и размислете за тоа во што сте подобри од останатите, и кои се вашите достигнувања во таа работа.
2. Повеќе од добро познавање на фирмата каде што одите на интервју
Кандидатот секогаш треба добро да ја испита веб-страницата на компанијата која има објавено оглас за работа, а во тоа може да му помогнат и финансиските извештаи и соопштенијата за јавноста. Експертите велат дека исто така е добро да биде познато мотото или визијата на компанијата, производите, она по што се издвојува на пазарот, менаџментот и нивната историја, конкуренцијата, и цената на акциите на компанијата.
3. Ентузијазам
Доколку потрошите време на прикажување на својата вредност, и ја истраживте историјата на компанијата комплетно, големи се шансите дека ќе станете она на што работодавецот не ќе можат да одолее – ентузијаст кандидат.
Како ентузијазам се појавува на површината? Прво е видлив во интересот на самото интервјуто, покажува љубопитност на кандидатот во врска со одговорностите што го чекаат, причините зошто тоа работно место е отворено, итн. Работодавците сакаат да вработуваат луѓе кои покажуваат страст и ентузијазам за работа.