1. Испитувач на квалитет на дезодоранси
Ова навистина ќе звучи чудно, но некои хемичари мораат да се уверат дека сите произведени дезодоранси и анти-перспиранти го даваат посакуваниот ефект, односно спречување на потењето на мишките на корисниците.
2. Обработувач на животинско влакно
Овој среќник вари различни видови крзно од животни, со цел тоа да се накадри за понатамошна употреба. Сите знаеме дека мирисот предизвикан од изгорено влакно е ужасен. Епа сега вие замислете си како ли му е на оној, кој треба цел ден да ја мириса аромата на супа од животинско влакно.
3. Бојар на цитрони
Сигурно некогаш сте застанале покрај свежите лимони, цитрони или портокали во супермаркет и заслепени од нивната совршена боја, сте си помислиле дека би било жалосно да не купите барем 1кг. Неодоливата желба за консумирање на таквото овошје, најверојатно е резултат на постоењето на посебен вид трговски фармери, кои го бојат овошјето со динамични бои, за да ја сокријат зрелоста.
4. Необично новинарство
Има таков вид новинари кои всушност се платени за да пишуваат статии за други необични професии коишто постојат. Којзнае, еден ден можеби ќе успеат да си најдат вистинска новинарска работа.
5. Пронаоѓач на бори на чевли
На никој не му се допаѓа оној набор кој се прави на кожните чевли, после само еден месец носење. Затоа постои таков работник кој се осигурува дека ниеден кожен чевел нема да ја напушти фабриката со бора. Проблемот е само како да најдеме некој кој ќе измисли нешто за чевлите да останат мазни и после кратко време носење.
6. Амбасадор на виски
Ова е дефинитивно работа од соништата на сите полнолетни луѓе. Вие треба да бидете одговорни да го изберете најпрефинетото првокласно виски и да ги научите вашите клиенти, како на соодветен начин да го вкусат. Меѓу другото, ќе уживате восхитувајќи се на различните состојки, кои се идеално измешани во овој извонреден ликер.
7. Испитувач на облик на зарови
Со само едно погрешено фрлање на заровите, човек може да изгуби огромна сума пари. За да не постојат нерегуларности во квалитетот на заровите, постои личност која се грижи за пропорционалноста, специфичните агли или за евентуалните мани. Претпоставуваме дека несовршеноста на коцките не може да биде причина за да останете шворц во казино.