Патувањето го збогатува животот, на начин кој што не можете да го пронајдете на местото каде што сте и каде што стално живеете .
Патувањата претставуваат буквално излегување од комфор зоната, соочување со неизвесноста, непосредни искуства со други култури, енергии, атмосфери. Кога одите некаде каде што никогаш не сте биле и каде што нема да сретнете никој кој што го познавате- тогаш ќе научите работи за себе, за светот, за животот кои не би ги научиле и искусиле на друг начин.
Никогаш не сте сами
Дури и кога патувате на непознати места, опкружени сте со луѓе кои го прават истото - патниците се светски тим, главно опуштени и дружељубиви и ќе сретнете многу одлични ликови - пристојни, љубезни, отворени и пријателски расположени. Тие се насекаде околу вас. Патувајќи, ќе негувате чувство за препознавање на таквите луѓе и точно ќе знаете кого можете да верувате и кон кого треба да бидете резервирани.
Можете да преживеете со многу помалце отколку што мислите дека ви треба
Кога патувате постојано, учите да бидете практични и економични. Половина од работите кои порано сте ги носеле, воопшто не ви требаат. Поврзете се со другите патници и пронајдете места каде што преноќувањето и храната се најефтини, научете “трикови” кои можат да се научат само со патување – на пример кое такси да го користите, што е препорачливо во комуникација, а што во некои култури се смета за навредливо, како се гледа на туристите во некои одредени средини, кои места се безбедни, а кои треба да ги избегнувате.
Светот е полн со неверојатно вкусна храна
Ќе имате прилики да пробате локални специјалитети, па дури и ако сте конзервативни и не сакате да експериментирате со храна, нема да одолеете и ќе пробате нешто што не знаете што е и ќе ви се допадне. Храната ќе ви ги прошири видиците – тоа е едно од највредните нови искуства кое ќе го стекнете патувајќи.