Според една американска анкета, екстровертите се повеќе љубители на чај, а интровертите уживаат во пиењето кафе.
Студијата на британскиот универзитет во Кардиф покажала дека кофеинот им помага на екстровертите да постигнат подобри работни резултати, додека интровертите се поефикасни кога ја немаат споменатата супстанца во организмот.
Љубителите на кафе сакаат кучиња
Луѓето кои консумираат кафе повеќе сакаат кучиња, а оние кои пијат чај повеќе сакаат да изберат мачка како свој миленик. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пијат чај се покреативни од оние кои претпочитаат кафе.
Црниот пијалок се поврзува со желбата за ризик!
Конзумирањето на црн пијалок е поврзано со желба за сензација и склоност кон импулсивност и ризик, што значи дека љубителите на кафе веројатно сакаат поекстремни спортови и копнеат за нови искуства.
Кој пие чај, подобро спие...
Од друга страна, оние кои претпочитаат да пијат чај спијат подобро, додека луѓето кои не можат да замислат ден без црн пијалок имаат проблеми со спиењето. Испитаниците кои повеќе сакаат да пијат чај имаат поголема веројатност да додадат шеќер во својот омилен пијалок, додека вторите уживаат во горчливи голтки.
Од друга страна, истражувањето покажало дека љубителите на кафе се повеќе под стрес, но помалку депресивни. Нивото на депресија кај нив е за 32 отсто помало отколку кај оние кои не го консумираат црниот пијалок.