Кога станува збор за торент сајтовите, на врвот на листата се RARBG, RuTracker, The Pirate Bay и 1337x, но и сервисот за стриминг Popcorn Time, кој содржините ги прикажува користејќи торенти.
Владата на Соединетите Американски Држави објави годишна листа на проблематични пиратски сајтови, која ги вклучува „вообичаени негативци“ како The Pirate Bay, FMovies и Rapidgator.
Во соопштението се вели дека се надеваат дека листата ќе придонесе регулаторите и властите во другите земји да преземат сѐ што е потребно за да се спречи пиратеријата.
Листата вклучува и некои нови сајтови, а составена е главно врз основа на поплаки добиени од агенциите за авторски права (RIAA и MPA), но и од големите играчи, како што е Motion Picture Association.
Се вели дека сите овие страници имаат голема добивка од пиратски содржини - од познатите торент сајтови до нелегални стриминг сајтови.
Кога станува збор за торент сајтовите, на врвот на листата се RARBG, RuTracker, The Pirate Bay и 1337x, но и сервисот за стриминг Popcorn Time, кој содржините ги прикажува користејќи торенти, иако неодамна беше затворен. Во извештајот на Американската трговска агенција (USTR) се наведува дека креаторот на оваа услуга бил осуден во Данска, што не е целосно точно, бидејќи осомничениот не го креирал Popcorn Time.
На списокот се и Fmovies и Cuevana, како и оние кои на корисниците им обезбедуваат простор за поставување датотеки - 1Fichier и Uploaded, а место на листата си „обезбеди“ и видео сервисот 2embed.
Пристигнаа поплаки од музичката индустрија за одредени нелегални услуги за стриминг, а оваа година беа вклучени и FLVTO.biz, 2Conv.com, MP3Juices.cc и платформата за преземање музика Newalbumreleases.net.
Гејминг компаниите најмногу ги загрижува продажбата на таканаречените „читови“ со чија помош корисниците добиваат предност во игрите, а на прво место е Mpgh.net кој има стотици илјади вакви понуди. Беше истакнато и дека со продажба на ваква содржина се загрозува индустријата, но и искуството на легитимните играчи кои не се склони кон мамење.