Breatharianism, Breatharians – е филозофија и група луѓе кои ја следат, а се однесува на начин на живот во кој не се зема храна (понекогаш без вода). Практичарите на оваа филозофија тврдат дека живеат само на светлина или прана и дека таквата „диета“ е достапна за секого штом ќе го помине почетниот процес.
Бретаријанците тврдат дека кога телото ќе биде оставено да биде она што е и кога ќе престанеме да го менуваме со храната што ја јадеме, доаѓаме до бретаријанството и бесмртноста, но најважното во тоа е да станеме суштества што можеме да бидеме. Откако ќе му дозволиме на телото да се саморегулира, поради активирање на одредени делови од ДНК, се јавуваат одредени ефекти.
Виктор Трувијано – Најпознатиот бретаријанец во денешницата
Светскиот феномен, најпознатиот Бретаријанец на денешницата (личност што живее без вода и храна, на енергија на прана), навистина уникатен човек и многу допадлив предавач е Аргентинецот Виктор Трувијано.
- Немојте да престанете да јадете и пиете, тоа е дијагноза и болест – бретаријанството е повик што го чувствуваат само поединци – порачал Трувијано.
Трувијано има свои следбеници, па затоа е формирана асоцијација на бретаријанци. Нивниот број расте, иако не постои јасна статистика. Тие одржуваат конгреси и особено се распространети во Русија.
Се случуваат и одредени ефекти штом го пуштиме телото да се саморегулира. Секоја ќелија се полни со бела светлина која тече низ телото и се храни со толку колку што му треба. Kрвта е чиста. Таа сè уште служи за дистрибуција на хормони и во случај личноста повторно да почне да јаде служи и за излез на токсините кон бубрезите. Kалиумот тече во крвотокот и ги храни ќелиите. Нискиот број отчукувања на срцето и стабилниот крвен притисок се на ниската граница на нормалата. Бојата на очите е длабока, жива и сјајна како кај новородените деца. Бојата може и да се промени (кај една бретаријанка се промениле од сиво-сини во златно-зелени). Видот достигнува перфекција. Вишокот килограми се губи, косата може да почне да расте побрзо, а влакната стануваат потенки. Ноктите на прстите и на нозете стануваат појаки. Може да се промени гласот. Постојат радост и постојана насмевка, јака харизма и сјај, велат тие.
Органите што веќе не се преплавени со отрови од храната, си ја добиваат првобитната функција. Цревата се намалуваат. Црниот дроб помага во производството на минералите. Се спие помалку од 4 часа дневно.
- Сите ние сме уметници, без обѕир со што се занимаваме – ние сме последица на уметничкиот дух околу нас. Првото човечко суштество било апстрактно и креативно, а мојата филозофија е да личам на него. Додека паѓав во несвест, всушност доаѓав во вистинска свест. - вели Трувијано.
Медицината нема одговор
Kога за него слушнал рускиот научник Борис Аранович, одлучил да го провери. Аранович се занимава со проучувањето на телесната енергија, со разни методи ги мери потребите и недостатоците на организмот. Снимањето на организмот на Виктор го направиле во Хелсинки.
Извештајот на Аранович во скратен облик, гласи:
- За мене, ова е целосно ново искуство. Викторовата филозофија во целост е поинаква од тоа што е вообичаено. Мерниот апарат не е приспособен на луѓето како него. Се чини дека неговото тело функционира на друг начин поради тоа што не пие ниту вода. Физиологијата му е необична, телото функционира поинаку, па апаратот не може да ги направи мерењата. Би требало да се произведе нов апарат приспособен само по него. Се гледа дека нивото на притисокот на телото е низок. Тоа е многу добро и постои совршена хормонска рамнотежа. Има 36 години, а биолошката возраст му е како на 28 години. Нивото на телесната енергија му е оптимално – вели Аранович.
Виктор Трувијано денес е веројатно најпознатиот светски бретаријанец. Kако дете бил познат виолинист и аргентинско чудо од дете, па го нарекувале нов Моцарт, а се занимавал и со параглајдерство.