Количката е основен дел од искуството на одење во супермаркет и постои со децении. Но, освен додавање на место за седење на мали деца, пронајдокот претрпел мали промени. Стартапот Вив (Veeve) од Сиетл и компанијата Албертсонс (Albertsons) со седиште во Бојзи се надеваат дека ќе го променат тоа. Имено, Албертсонс ја тестира ВИ количката за купување од Вив, којашто инкорпорира голем екран, вага, камери и други гаџети во стилот на iPad, а којашто треба целосно да го трансформира искуството за купување.
Извршниот директор на Вив, Шарик Сидики, смета дека количките сп вештачка интелигенција носат придобивки и за клиентите и за трговците, како Албертсонс. Според него “се работи за тоа како ќе да го подобрите искуството во продавницата и истовремено да ги споите онлајн и офлајн искуствата“.
Големите традиционални трговци на намирници, како Албертсонс, работат на прилагодување и трансформирање на начинот на којшто потрошувачите брзо купуваат намирници. Во Албертсонс веќе презеле низа технолошки иницијативи – од роботи за испорака до автоматизирани киосци за намирници во партнерство со Google.
Вив количките што се тестираат во Алберстонс им овозможуваат на муштериите да ги скенираат намирниците во движење, без посета на киоскот за наплата. Но, количката не е само терминал за наплата на тркалца, таа може да даде и препораки за производи, да прикаже купони или листа за купување и многу повеќе. Исто така, додава и можности што се вообичаени при онлајн купувањето, а сега со неа достапни и при физичка посета на продавницата. Па така, платформата Вив им овозможува на купувачите нарачаат производ за испорака којшто може во моментот физички не е достапен на штандот во продавницата.
Дури и самонаплатата на производите ќе претрпи измени. Сега, за почеток, клиентите сè уште ќе мораат самите да ги скенираат бар-кодовите од нивните производи, слично како само-чекирање. Но, со текот на времето, тоа ќе се промени: количката веќе има повеќе камери и сензори што го снимаат секое ставање на некој предмет во неа. Се прави видеозапос во живо од четири различни камери, додека ВИ гради 3D модел на секој производ во продавницата. Потоа, за шест месеци, веќе нема да има потреба да ги скенирате баркодовите од производите за наплата.
Вив се надева дека технологијата ќе им помогне на помалите традиционални трговци на мало, што работат со многу ниска маржа, да им конкурираат во извесна мера на онлајн продавниците на технолошките гиганти, како Амазон.