Требало да се избере еден јазик што ќе го зборуваат сите луѓе, на сите меридијани и паралели, на секој агол на земјината топка. Долго време, францускиот јазик се користел за комуникација, но по 19 век и колонијалната експанзија на Велика Британија, англискиот јазик почнал да станува составен дел од сите наши животи. Денес го зборуваат преку милијарда луѓе, а го користат работници, професори, лекари, тенисери - всушност го користат сите оние кои сакаат контакт со странски земји.
Англискиот јазик спаѓа во групата на западноевропски и индоевропски јазици. Денес, речиси 400 милиони луѓе во светот го зборуваат како свој мајчин јазик, што се должи на колонијалното минато во 19 век, време во кое Британија била земја на три континенти, што го постигнала преку агресивната политика на потчинување на народот.
Британците ги освоиле Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, сите оние земји што ги броиме во комонвелт, по што жителите продолжиле да го користат англискиот јазик. Британскиот колонијален меч стигнал и до Хонг Конг, Јужноафриканската Република и африканските земји.
Со сите нив, Британија воглавно го завршила својот период на владеење мирно, но меката моќ, јазикот, останал во употреба кај овие народи и до ден денес.
Поради тоа, англискиот јазик го добил епитетот на глобален јазик кој се користи на сите континенти, можеби не секаде како службен јазик, но дефинитивно како официјален јазик за воспоставување на комуникација со граѓани од други земји.
Пред Англија и Велика Британија да станат колонијална сила и земја на индустриската револуција во 18 и 19 век, францускиот јазик бил доминантен, но децении потоа почнал да го губи својот примат.
Лингвистите велат дека учењето англиски е многу полесно од совладувањето француски, кој можеби звучи поубаво за „увото“, но многу потешко е да се фокусирате на него и на неговото учење бидејќи неговата употреба е помала - ретко можете да слушнете француски околу вас, упатствата, песните, писмата… се претежно на англиски.
Кој јазик ќе се користи во ЕУ ?
Појавата на Европската унија, која стана јадро на политичкиот живот по Втората светска војна, го отвори прашањето кој јазик ќе се користи во комуникацијата. Се разбира, гордоста на националните држави, пред се на Германија, Франција, а потоа и Британија, не им дозволи да не ги истакнат нивните јазици како официјални во ЕУ, но најголемиот дел од борбата се водеше помеѓу францускиот и англискиот .
Иако Франција, Белгија, Холандија и Луксембург „не сакаат“ многу да го користат англискиот јазик, нема сомнеж дека англискиот сè уште доминира во Европската унија. Францускиот претседател Емануел Макрон неколку пати се обиде да „турка“ поголема употреба на францускиот јазик, но досега тоа беше без многу успех.
Дигитализацијата го направи задолжително учењето на англискиот јазик
Покрај политичките причини, англискиот стана популарен и поради неговата практичност: сите аеродроми ширум светот имаат натписи на англиски јазик на своите терминали, а покрај тоа, овој јазик има и статус на т.н. корпоративен јазик. Се користи во деловната комуникација, ИТ индустријата, а сите водечки дигитални платформи и кодови моментално го користат мајчиниот јазик на кралицата Елизабета, Џон Ф. Кенеди, Енди Мареј и Елтон Џон.
За оние кои сакаат да се подобрат и да стекнат нови академски вештини, англискиот јазик сепак нуди најширока можна литература, па се подразбира дека го знаете. Дури и студентските размени или добри конференции не можат да поминат без соодветно познавање на англискиот јазик. Едноставно, во современиот свет ќе имате многу помалку можности доколку не користите англиски.