
Интернет порталот „Simple Char“ со помош на податоци од апликацијата „OpenStreetMap“ и „TripAdvisor“ направил истражување кое треба да покаже во кои градови најдоцна се затвораат кафулињата, рестораните и ноќните клубови и каде има најдобар ноќен живот.
На листата градови со најдобар ноќен живот на прво место се најде Каиро. Во Каиро клубовите главно работат до 3 часот наутро, рестораните затвораат во околу 12 часот, а кафулињата во 12 часот и триесет минути.
Главниот град на Египет го зазеде првото место на оваа листа со 98,3 поени од можни 100.

На второто место се најде Атина. Таму рестораните работат до полноќ, ноќните клубови до 2 часот и 30 минути по полноќ, кафулињата затвораат пред 11 часот навечер. Атина освоила вкупно 97,4 поени.
На третото место се најде Белград, а како што наведува порталот, Белград во светот е познат по добрата храна и одличен ноќен живот, пренесува.
Таму кафулињата затвораат во околу 11 часот и 30 минути, клубовите работат во просек до 1 часот по полноќ, а постојат и клубови кои работат до утринските часови.
Белград освоил вкупно 88,6 поени.

На четвртото место на листата најдобри градови за ноќен живот се најде Истанбул, додека пак на петтото место се најде Дубаи.