„Nokia“ е позната по создавањето на некои од најиздржливите телефони, а компанијата наскоро ќе дебитира на друг пазар. Првиот лаптоп на „Nokia“ ќе биде „PureBook Pro“, кој ќе има елегантен дизајн, процесор „Intel Core i3“ од 12-та генерација и прифатлива цена.
Иако овие лаптопи ќе го носат брендот на „Nokia“, тие ќе бидат дизајнирани од стартап компанијата „OFF Global“.
Првично во понуда ќе има модели од 15,6 и 17,3 инчи, но би можеле да видиме и помали „Nokia PureBook“ лаптопи, во зависност од успехот на серијата.
Кога станува збор за естетиката, се чини дека лаптопот на „Nokia“ е инспириран од 14-инчниот „MacBook Pro“ модел. Има заоблени рабови, алуминиумска горна обвивка во сина, црвена, бела и црна боја.
Во однос на хардверот, лаптопот ќе има процесор Intel Core i3-1220P, 8GB DDR4 RAM и 512GB M.2 SSD. Има и IPS панел од 1080p. Опциите за поврзување вклучуваат две USB-C порти, USB 3.2 порта, читач за „microSD“ и порт од 3,5 mm. Точниот датум на издавање не е познат, а се посочува дека во Еворпа „Nokia PureBook Pro“ ќе има цена од 699 евра за 15-инчен и 799 евра за 17-инчен модел.
извор: denar.mk