![По дождот следува топлотен бран во Македонија, па пресврт на времето](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/c3/c818843c-resize-820x0x100.jpg)
По дождливата и облачна недела следува нов топол бран во Македонија. Дождот и облаците ќе се задржат до петок, а од сабота ќе почне разведрувањето.
Од утре до петок ќе имаме речиси идентично време. Повремено ќе врне, а утре и задутре ќе има услови и за електрични празнења и поизразени процеси во форма на невреме.
Температурата до крајот на неделата ќе се движи меѓу 21 и 23 степени во Скопје и до 25 низ Македонија.
По преодниот период во сабота, од недела повторно имаме високи температури.
Во Скопје се очекува да надминат 26 степени а во некои места на Македонија ќе бидат регистрирани и над 30 степени, што е за 7 до 8 степени над повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Топлото време ќе се задржи сѐ до среда, а потоа ќе има опаѓање на температурите.
Долгорочните прогнози најавуваат дека за 1 мај ќе останеме во рамките на она што веќе се нарекува традиција кога станува збор за временските услови.
Повторно се најавува облачно време со услови за дожд и температури кои нема да поминат 20 степени.