Под покровителство на Обединетите Нации, 193 земји од светот се собраа за да изготват нацрт-договор насочен кон решавање на проблемот со пластичниот отпад на глобално ниво.
Претставници на државите-учеснички се состанале со цел да го изготват нацртот на договорот, додека пак конечната верзија се очекува да биде готова во 2024 или 2025 година.
Во дискусиите имале две страни: едната, предводена од Перу и Руанда, се залагала за договор кој се однесува на сите фази од производството до депонирањето на пластиката. Другата страна, предводена од Јапонија, сакала полимитиран договор кој се однесува само на пластичното загадување на океаните.
Сепак, според првично изготвениот нацрт, се чини дека победила првата страна предводена од Перу и Руанда, која предвидува пообемни мерки за решавање на проблемот.
Кога договорот конечно би бил усвоен за неколку години, тој би бил легално обврзувачки. Односно, државите-потписнички ќе мора да го преведат во закон. Државите исто така ќе морат да изготвар акциски планови, да постават конкретни цели за намалување на пластичниот отпад, да воведат нови системи за мониторинг и да поддржуваат глобално научно тело со советодавна функција.
За државите со послаба економија, кои можат да се соочат со повеќе предизвици во решавањето на пластичното загадување, договорот предвидува финансиски модел преку кој ќе им се помага на државите со помалку ресурси за тоа како да се справуваат со својот отпад.
извор: marketing365.mk