Ако сакате да го поминете целиот ден во комотна и пријатна облека како што се пижамите, и со која лесно можете да одите на состаноци преку Zoom или Skype, јапонската компанија има одлично решение.
Понекогаш некои работи и производи изгледаат толку едноставни и логични што се прашуваме како никој претходно не помислил на тоа. Костум-пижама на јапонската компанија Аоки е еден таков производ и е совршен за времето во кое живееме и работиме. Работата од дома опфати многу луѓе, па комбинациите на облека честопати се сведуваа на пижами или тренерки.
Да поминете време во пижами во вашата домашна канцеларија не е проблем, но сигурно не е професионално доколку некој ве контактира преку видео повик. Исто така, понекогаш за видео состаноци потребно е да се пресоблечете во одело и кошула или облека што вообичаено ја носите на работа. Дека е можно да се поврзе удобното со корисното, односно удобното со професионалното, покажаа во Аоки со интересна облека за која велат дека се препорачува за далечинска работа. Ако ви е мака да барате облека и модни комбинации што ги носите на работа, но сепак сакате да изгледате средено и уредно, Аоки вели дека нивниот костум-пижама е совршено решение. Според описот на официјалната веб-страница, станува збор за облека што е повеќе од пижами и е совршена за работа од дома, но не е класичен моден предмет на облека што ќе го носите надвор секој ден.
Идејата е одлична и не треба да изненадува што другите компании ќе ги следат стапките на Аоки во иднина. Не е тешко да се замисли специјална колекција на удобна облека дизајнирана за уживање во своите четири ѕида, што ќе изгледа доволно професионално за видео повици. Со оглед на тоа што многу компании ќе продолжат да работат од далечина, односно некои работници ќе продолжат да работат од дома дури и по пандемијата, јасно е дека побарувачката за ваква облека може да биде голема.