Пропусниците за Ковид, кои беа потребни за пристап до некои места во Франција, ќе бидат укинати од 14 март, изјави денеска францускиот премиер Жан Катекс.
Тој исто така најави дека заштитните маски за лице нема да бидат потребни во затворени простории од 14 март, освен во јавниот превоз.
Тој додаде дека само во домовите за стари лица сè уште ќе бидат потребни пропусници за Ковид.
Според агенцијата Ројтерс, оваа одлука на француската влада доаѓа во време кога земјата постепено ги олеснува мерките воведени против корона вирусот.
„Здравствената состојба се подобрува“, изјави Кастекс за телевизијата TF1.