Да се биде добар продавач особено во денешни услови претставува навистина успешност за секој кој се занимава со таа професија. А добар продавач е клуч за успехот на секој бизнис. Не го бива секој за продажба, тоа е факт, но се може да се научи. Ви пренесуваме 6 фрази кои сигурно никој нема да ви ги каже, а биле клучни за милиони продадени производи.
Еве што треба да знаете ако сакате да бидете успешен продавач/ка:
- Супер ти стои!
- Ама рачунај ќе се пушти со перење тоа!
- Ама рачунај ќе се собере со перење тоа!
- Последно е, сите отидоа во еден ден.
- Не не, таков е моделот.
- Со здравје да си го носиш!