Вирусот „Shark Bot“ е вметнат во продавницата за апликации на „Google“ – „Play Store“ и предизвикува големи проблеми.
Злонамерниот софтвер „Shark Bot“ го најде патот до продавницата на „Google“ во апликација која наводно е антивирусен „чистач“.
Малициозен софтвер успеа да го пробие автоматскиот заштитен ѕид на „Google“ и да го најде својот пат до „Play Store“, и тој сè уште е таму, и покрај тоа што беше пронајден и пријавен од многу портали.
Апликацијата не е популарна на „Google Play Store“, но лесно може да се најде на првата страница кога ќе се напише антивирус.
Се вика „Antivirus Super Cleaner“ и кој ќе ја преземе и инсталира апликацијата може да се збогува со својот оперативен систем.
„NCC Group“ го пронајде малициозниот софтвер и објави детална анализа за него, а „Google“ сè уште не одговорил.
Злонамерниот софтвер „Shark Bot“ може да наштети на различни начини, па дури и да ги украде сите кориснички податоци.