Австриската Влада денеска донесе одлука за привремена суспензија на примената на Законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот, врз основа на извештајот на експертска комисија.
Министерката за уставни прашања, Каролин Едштадлер, на прес-конференција по владината седница истакна дека задолжителната вакцинација поради сојот омикрон не е пропорционална мерка.
Австрискиот министер за здравство Јоханес Рауч најави дека ситуацијата ќе се следи и за три месеци ќе биде донесена нова одлука за задолжителната вакцинација. Кога беше донесен Законот за задолжителна вакцинација, беше предвидено казнувањето на сите невакцинирани граѓани да почне од средината на март.