Неорганизирани сте, никогаш не знаете каде ви се клучевите, куќата ви е во хаос, сакате да играте видео игри? Добрата старана на сето ова е дека сте интелигентна личност.
Можеби им се воодушевувате на луѓето кои знаат каде им се наоѓаат сите ситници, но всушност тоа што вие не знаете каде сте го ставиле вашиот клуч или пак немате претстава каде е вашиот пасош, се знаци дека вие сте интелигентна личност.
Докторите секогаш не предупредуваат дека треба да станеме рано, веднаш штом заѕвони алармот, но одложувањето исто така е знак дека вашиот мозок работи подобро, дека сте креативни и интуитивни. На истото укажува и доколку не можете да се воздржите да погледнете само една епизода од вашата омилена серија или пак да прочитате само неколку страни од вашата омилена книга, па затоа го жртвувате сонот.